Добре дојдовте на веб страната на „ООУ Братство“

 

„ООУ Братство“ е Едно од постарите училишта во
општина Карпош па и пошироко

МИСИЈА

NAШETO UЧИЛИШTE ПРEТСТАВУВА БЕЗБЕДНА СРЕДИНА ВО КОЈА СИТЕ УЧАТ.  ВО НАСТАВАТА СЕ КОРИСТИ СОВРЕМЕНА ОБРАЗОВНА ТЕХНОЛОГИЈА СО KOЈА KAJ УЧЕНИЦИТЕ СЕ РАЗВИВА КРЕАТИВНОСТ, САМОДОВЕРБА, ПОЧИТУВАЊЕ И ПОДГОТВЕНОСТ ЗА СООЧУВАЊУЕ СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОПШТЕСТВОТО ВО КОЕ ЌЕ ЖИВЕАТ

ВИЗИЈА

NAШETO УЧИЛИШТЕ ЌE БИДЕ ПРИСТОЈНО КАТЧЕ ЗА СИТЕ, A УЧЕНИЦИТЕ  ЌЕ БИДАТ ИСПОЛНЕТИ СО ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ ЗА НИВНА ПРИМЕНА ВО ИДНИНА И ЌЕ ПРИДОНЕСАТ ЗА РАЗВОЈ НА ДЕМОКРАТСКО, ПЛУРАЛНО, ПРЕТПРИЕМНИЧКО, ИНФОРМАТИЧКО И ЕКОЛОШКО ОПШТЕСТВО.

За училиштето

Едно од постарите училишта во општина Карпош па и пошироко е основното училиште Братство кое се наоѓа во срцето на градот ,поточно во населбата Тафталиџе-Скопје.Ова училиште кое го носи  симболичното  име „Братство„е синоним за заедништво и соживот не само во градот Скопје туку и пошироко! Многуте генерации ученици кои го стекнале образованието во ова училиште можат да се пофалат со своето знаење кое несебично го добиле од своите наставници ,наставници кои можат да се гордеат со генерациите ученици кои се важен интелектуален сегмент во општествениот живот…

Историја на училиштето

Почетоците на основното училиште „Братство„ датираат уште од далечната1945 година кога училиштето започна со работа во селото Горно Нерези.Веднаш по ослободувањето во 1944 година се пристапи кон организирање на основното училиште. Наставата за учениците по македонски јазик започна во древниот манастир “Св Пантелејмон”, а за учениците по албански јазик, во џамијата во Селото Нерези.Првиот чекор за задолжително школување започна во почетокот на 1945 година.Во истата година во Селото Горно Нерези за прв пат во историјата на македонскиот народ се отвори училиште на македонски и албански наставен јазик.

Површина на објектот во m2

Површина на дворот во m2

Број на паралелки

ДЕТСКА ХИМНА ЗА „КАРПОШ КОЈ ГО САКАМЕ“

 

 

 

 

.

НОВОСТИ

ООУ “БРАТСТВО” – прва награда во еко -акција

Општина Карпош во соработка со еколошката организација „Нула отпад“ во просториите на Факултетот за туризам и менаџмент, денеска го одбележаа Светскиот ден на животната средина 5-ти јуни. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош...

Вљубеници во науката

На Државниот натпревар по природни науки под менторство на наставникот Весна Ѓорѓиевска, ученикот Лука Митев од V1  го освои 3-то место, а ученичката Дариа Солева од VI1  освои второ место. Многу среќа и уште многу успеси...

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

Телефон: 02 3077 889 / 078 447 840

Email: ou-bratstvo@yahoo.com