Општина Карпош во соработка со еколошката организација „Нула отпад“ во просториите на Факултетот за туризам и менаџмент, денеска го одбележаа Светскиот ден на животната средина 5-ти јуни. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски кој истакна дека соработката со „Нула отпад“, е од исклучително значење за екологијата во Општина Карпош. Во рамки на априлската еко- акција се собираше непотребниот електронски и електричен отпад кој граѓаните на Карпош го имаат, и освен оваа намена, акцијата беше со едукативен карактер, особено за најмладите жители на локалната самоуправа.

Првонаградено училиште во оваа акција е нашето училиште кое собра над еден тон отпад.
Честитки за нашето училиште и за спроведената еко -акција од страна на учениците