Дабар е интернационален предизвик (еден вид натпревар),  кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Истиот се организира во повеќе држави, и е еден од најпопуларните натпревари во светот.28 ученици од  нашето училиште од VI-IX земаа учество:Овој натпревар има цел да го поттикне логичкото размислување кај учениците. Натпреварот се одржуваше на 24 и 25 .11.2022 под менторство на наставниците Ана Дионисиева-наставник по информатика,Катерина Лазаровска -наставник по математика и Петре Крстески-наставник по математика и физика.