На 9 октомври 2023 г., ООУ „Братство“-Карпош,Скопје беше домаќин на проектна презентација на претставници од „Конфуциј,“ институт при УКИМ за изучување на кинески јазик. Целта на овој образовен проект – поддржан од МОН и општина Карпош – е приближување на јазикот и културата на НР Кина преку бесплатни часови организирани од афирмирани кинески учители. Покрај изучувањето на кинеското писмо и јазик, проектот организира и интерактивни работилници за уметничко обликување хартија, културолошки настани за чествување на кинески празници и јубилеи, можност за образовна размена во НР Кина во летниот период.
Меѓу присутните беа нашите ученици, нивните родители и учители, како и раководството на ООУ„Братство“-Карпош,Скопје ВД директорот на нашето училиште, г-ѓа Поповски, одржа обраќање во кое ги поздрави заложбите на институтот „Конфуциј,“ пружи несебнична поддршка за техничко и просторно оспособување на наставата по кинески јазик и изрази надеж за успешна и долгорочна соработка.
Имено, овој прокет ги опфаќа сите десет основни училишта на територија на општина Карпош. За какви било дополнителни информации, упатете се на https://konfucij.ukim.edu.mk/ и https://www.facebook.com/institutkonfucij.mk/.