Новости

„World Scholars Cup“или „Светски куп на ученици-научници“

„World Scholars Cup“или „Светски куп на ученици-научници“

Во втората половина на август во Прага се одржа меѓународниот натпревар по знаење и критичко мислење „World Scholars Cup“, или во неофицијален превод „Светски куп на ученици-научници“, на кој успешно учествуваа и пет екипи од Северна...

Општина Карпош распиша јавен оглас за доделување на стипендии за талентирани ученици –спортисти, кои учат во осмо и деветто одделение

Општина Карпош распиша јавен оглас за доделување на стипендии за талентирани ученици –спортисти, кои учат во осмо и деветто одделение

За да ги мотивира основците од десетте училишта на своја територија, општина Карпош распиша јавен оглас за доделување на стипендии за талентирани ученици –спортисти, кои учат во осмо и деветто одделение. Висината на стипендијата ќе изнесува 2.500 и 3.000...

Постигнати резултати од натпреварот по математика

Постигнати резултати од натпреварот по математика

Учениците натпреварувачи од шесто одделение постигнаа одлични резултати на натпреварите по математика Општински натпревар Теодор Цикарски - I награда Благој Цветковски - III награда Матеј Цветковски - Пофалница Регионален натпревар Благој Цветковски - III...

Денови на електротехниката

Денови на електротехниката

Во деновите 11 и 12.5.2022 година во просториите на СЕТУГС,,Михајло Пупин"-Скопје се одржа IX-та по ред манифестација ,,Денови на електротехниката".Присуствуваа голем број на основни училишта од град Скопје,како и нашето училиште и за првпат  годинава и...

Прифаќање на различностите

Прифаќање на различностите

Учениците од ООУ,, Братство" Скопје дадоа подршка за прифаќање на различностите и подршка на децата со аутизам .Среќни сме што на ваков начин да испратиме пораки во целото општество за поткревање на...

Добре дојдовте на веб страната на „ООУ Братство“

„ООУ Братство“ се наоѓа во срцето на градот, поточно во населбата Тафталиџе – Скопје.

ООУ „Братство“ е едно од постарите училишта во Општина Карпош.

Едно од постарите училишта во општина Карпош па и пошироко е основното училиште Братство кое се наоѓа во срцето на градот ,поточно во населбата Тафталиџе-Скопје.Ова училиште кое го носи  симболичното  име „Братство„е синоним за заедништво и соживот не само во градот Скопје туку и пошироко!

За нас

Мисија и Визија

 

Мисија

Крираме,создаваме и негуваме образование со препознатлив интензитет,со што
му се овозможува на секој ученик да напредува во животот како комплетна
личност.

 

Визија

Училиштето ќе биде работилница во која ќе се создава модел за зајакнување на
комуникацијата, соработката и разбирањето на различните етнички заедници во
воспитно-образовниот процес.

За училиштето

Едно од постарите училишта во општина Карпош па и пошироко е основното училиште Братство кое се наоѓа во срцето на градот ,поточно во населбата Тафталиџе-Скопје.Ова училиште кое го носи  симболичното  име „Братство„е синоним за заедништво и соживот не само во градот Скопје туку и пошироко!

Историја на училиштето

Почетоците на основното училиште „Братство„ датираат уште од далечната1945 година кога училиштето започна со работа во селото Горно Нерези.Веднаш по ослободувањето во 1944 година се пристапи кон организирање на основното училиште. Наставата за учениците по македонски јазик започна во древниот манастир “Св Пантелејмон”, а за учениците по албански јазик, во џамијата во Селото Нерези.

Училиште со љубов и топлина

ООУ „Братство“

Корисни линкови

Контакт