Во втората половина на август во Прага се одржа меѓународниот натпревар по знаење и критичко мислење „World Scholars Cup“, или во неофицијален превод „Светски куп на ученици-научници“, на кој успешно учествуваа и пет екипи од Северна Македонија.Македонските тимови, составени од по три члена, ги сочинуваа јуниори – ученици од скопските училишта ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, Колеџот „Јахја Кемал“ и  ООУ „Братство” . Тимот од нашето училиште го претставуваа Tea Соколовска од IX-1,Соња Ивковиќ IX-2 и Гала Радојевиќ од IX-2.

Во тек на пет дена, учесниците требаа да покажат вештини во три генерални области на англиски јазик: квизови/тестови на знаење, дебатирање и пишување есеи, на теми од природни и општествени науки, од физика, хемија и биологија до историја, литература, медиуми и нови технологии.