Едно од постарите училишта во општина Карпош па и пошироко е основното училиште Братство кое се наоѓа во срцето на градот ,поточно во населбата Тафталиџе-Скопје.Ова училиште кое го носи  симболичното  име „Братство„е синоним за заедништво и соживот не само во градот Скопје туку и пошироко! Многуте генерации ученици кои го стекнале образованието во ова училиште можат да се пофалат со своето знаење кое несебично го добиле од своите наставници ,наставници кои можат да се гордеат со генерациите ученици кои се важен интелектуален сегмент во општествениот живот.И не само наставниците туку и повекето раководни лица во ова училиште како Бесим Руси, Акиф Омери, Драган Поповски,Стамен Поп Aрсов ,Мустафа Фетаху Соња Силјаноска се заслужни за достигнувањата и растежот на ова училиште .