Добре дојдовте на веб страната на ООУ,,Братство“

ООУ „Братство“ е едно од постарите училишта во Општина Карпош.

Едно од постарите училишта во општина Карпош па и пошироко е основното училиште Братство кое се наоѓа во срцето на градот ,поточно во населбата Тафталиџе-Скопје.Ова училиште кое го носи  симболичното  име „Братство„е синоним за заедништво и соживот не само во градот Скопје туку и пошироко!

 

Мисија

Крираме,создаваме и негуваме образование со препознатлив интензитет,со што
му се овозможува на секој ученик да напредува во животот како комплетна
личност.

 

Визија

Училиштето ќе биде работилница во која ќе се создава модел за зајакнување на
комуникацијата, соработката и разбирањето на различните етнички заедници во
воспитно-образовниот процес.

 

​        Новости

Одбележување на Денот на гладта 16 Октомври

Одбележување на Денот на гладта 16 Октомври

На ден 16.10.2023 год, учениците од II 2 и ll 4 одделение го одбележаа 16. Октомври - Светскиот ден против гладта и Светскиот ден на храната со заедничка МИО активност ,,Подари од срце", каде учениците си подаруваа овошје, од дете на дете и изработија плакати за...

read more
Едукативен час

Едукативен час

Здружението ,,Доза среќа" на ден 16.10.2023 одржа работилница ,,Изработка на восочни обвивки за храна" со учениците од 7² одделение, како дел од проект финансиран од Министерство за животна средина и просторно планирање. Едукативен час одржа претседателката на...

read more
Посета на Народен музеј Велес, Спомен Костурницата, Спомен  куќата на Кочо Рацин

Посета на Народен музеј Велес, Спомен Костурницата, Спомен куќата на Кочо Рацин

"На ден 30.09.2023година на фудбалското игралиште "Алумина" во општина Карпош за прв пат се одржаа "Карпошови семејни спортски игри" на кои што учествуваа учениците од прво до шесто одделение од нашето училиште заедно со нивните родители. Целта на овој спортски...

read more
Мио активност под мотото ,,Дружба без граници,,

Мио активност под мотото ,,Дружба без граници,,

На ден 12.10.2023 во дворот на ООУ,,Вера Циривири-Трена,, се одржа активност под мотото ,,Дружба без граници,, согласно стратегијата за мултиетничка интеграција во образованието.Засадувањето на различни растенија беше главната активност на оваа средба придружена со...

read more
Работилница за запознавање со македонски народни музички инструменти со Стефче Стојковски

Работилница за запознавање со македонски народни музички инструменти со Стефче Стојковски

На ден 12.10.2023 година, учениците од II 1 и II 2 одделение присуствуваа на работилницата за запознавање со македонски народни музички инструменти со Стефче Стојковски, музичар и музиколог на народни музички инструменти, директор на Народниот оркестар при МТВ....

read more
Реализација на ликовна работилница на тема ,,Штедиме и другаруваме “.

Реализација на ликовна работилница на тема ,,Штедиме и другаруваме “.

Благодарност до родителката Мимоза Кука од НЛБ Банка Скопје за соработката со ООУ ,,Братство" .Денес таа како претставник од НЛБ Банка Скопје заедно со наставниците и учениците од трето одделение во летната училница во ООУ Братство реализираше ликовна работилница на...

read more

За нас

Мисија и Визија

За училиштето

Едно од постарите училишта во општина Карпош па и пошироко е основното училиште Братство кое се наоѓа во срцето на градот ,поточно во населбата Тафталиџе-Скопје.Ова училиште кое го носи  симболичното  име „Братство„е синоним за заедништво и соживот не само во градот Скопје туку и пошироко!

Историја на училиштето

Почетоците на основното училиште „Братство„ датираат уште од далечната1945 година кога училиштето започна со работа во селото Горно Нерези.Веднаш по ослободувањето во 1944 година се пристапи кон организирање на основното училиште. Наставата за учениците по македонски јазик започна во древниот манастир “Св Пантелејмон”, а за учениците по албански јазик, во џамијата во Селото Нерези.

Училиште со љубов и топлина

ООУ „Братство“

Корисни линкови

Контакт