“На ден 30.09.2023година на фудбалското игралиште “Алумина” во општина Карпош за прв пат се одржаа “Карпошови семејни спортски игри” на кои што учествуваа учениците од прво до шесто одделение од нашето училиште заедно со нивните родители.
Целта на овој спортски настан, е да се влијае ма децата да применуваат повеќе спортски активности, да се дружат повеќе во реалниот свет а не во виртуелниот, да се развиваат правилно и здраво да живеат.
Настанот помина во дружење, играње и забава помеѓу децата и нивните родители од сите училишта на територијата од општина Карпош, а секако за оние кои што беа најбрзи имаше награди, дел од тие награди освоија и ученици од нашето училиште заедно со нивните родители.”