“По повод 5 октомври, денот на наставникот во нашето училиште од страна на наставниците по физичко и здравствено образование беа организирани меѓуетнички забавни спортски игри со учениците од одделенска настава на македонски и албански јазик.
Спортскиот дух, дружбата и задоволството да се учествува во игрите беше присутно на лицето кај секое дете како и кај наставниците.
Спортот обединува и зближува – нека честит денот на наставниците.”