УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ ШАХОВСКИ УСПЕХ НА НАШИОТ МАРКО!
Со голема радост и гордост го споделуваме новиот успех на нашиот ученик Марко Стојановиќ од VIII-1 одделение, член на Шаховскиот клуб Алкалоид и национален шампион за 2025 година во категоријата У12.
Од 5 до 8 септември, Марко учествуваше на меѓународниот младински шаховски турнир „Lake Queen“ во Струга, каде што настапи во заедничката конкуренција У14 и У16.
Според рејтинг-поените, Марко го започна турнирот како прворангиран шахист, а со одлична игра и успешни партии ја задржа водечката позиција до самиот крај.
По завршувањето на турнирот, Марко го освои ПРВОТО МЕСТО!
Овој успех е уште една потврда за неговата посветеност, истрајност, талент и љубов кон шахот.
Му честитаме на Марко за извонредниот резултат и му посакуваме уште многу успешни партии, нови титули и големи шаховски успеси!
Браво, Марко! Горди сме на тебе!
Recent Comments