Денеска ООУ „Братство”-Скопје, како партнер училиште на НДЦ Скопје, единствено училиште во Општина Карпош каде што се имплементира Концепцијата за интеркултурно образование на МОН, беше посетено од г-дин Геир Хакон Јахонсен-прв секретар на Норвешката амбасада, г-ѓа Симоне Филипини-поранешен Амбасадор на Хокандија во Скопје, г-дин Стеинар Брин-основач на „Нансен“ мрежата на Балканот, г-ца Ингрид Вик член на управниот одбор на НДЦ Скопје, „Скен тум“ од Норвешка, г-дин Сашо Стојковски директор на НДЦ Скопје,г-ѓа Билјана Крстеска Папиќ-проект менаџер во НДЦ Скопје,г-дин Ветон Зеколи проект менаџер во НДЦ Скопје, г-ѓа Сонај Билал проект координатор во НДЦ Скопје,г-дин Андреј Манолев Претседател на Советот на Општина Карпош и г-ѓа Гордана С.Зафировска Помошник раководител на сектор дејности од јавен интерес.
Цел на посетата беше да се види степенот и начинот на реализација на интеркултурните активности, опременоста на училниците од проектот, а беа разменети и искуства со директорот Јадранка Поповски за придобивките и очекувањата од овој проект.