Јас др.Кујтиме Мехмети вработена во Клиниката за Дерматологија во моментот сум во добра општа здравствена состојба, без никакви симптоми и сум во домашна изолација 14 дена, како и сите останати вработени во Клиника за Дерматологија. Предавањето во ОУ Братство го одржав на ден 03.03.2020 (вторник).

Во понеделник 02.03.2020 со директорката на Клиниката за Дерматологија не сум била во близок контакт. Во вторник директно отидов во ОУ Братство каде и предавав за договореното предавање, па потоа отидов на работа.

Имајќи предвид дека во понеделник не сум била во близок контакт со диркторката на Клиника за Дерматологија, според протоколот: Категории на ризик според експозиција поврзана со меѓународни патувања, или контакт со потврден случај, спаѓам во група на низок ризик

 

Жалам за настанатата состојба, ве разбирам за загриженоста бидејќи и јас ке реагирав на ист начин. Верувајте дека ако имав и најмала информација дека сум била во контакт со особа која е заболена, немаше да дојдам на предавањето и истото ќе го откажев.

 

                                                                                    Со почит:  Др.Кујтиме Мехмети