ДРАГИ ПРВАЧИЊА!!!

                                                                                          ООУ,,БРАТСТВО,,-СКОПЈЕ

 

                                                               Врши упис на првачињата за учебната 2021/2022 година

 

         Прваче може да биде:

  • Секој кој е роден 2015 гoдина и до крајот на 2021 година ќе наполни 6 години
  • Уписот ќе се реализира од 01.05 2021 до 31.05.2021 година со електронско пријавување  (on – line) ,а за  родителите/старателите кои немаат услови за електронско (on – line)  пријавување, ќе се овозможи лично пополнување на пријавите и потребните документи во самото училиште секој работен ден од 9:00 до 12:00 часот, согласно новонастанатата состојба поради светската пандемија од COVID-19 и вонредната состојба на целата територија на РС Македонија.
  • По доставената пријава родителот, односно старателот ќе биде контактиран телефонски од страна на Комисијата за запишување на ученици во прво одделеление. Пред да се изврши опсервација, родителот односно стрателот е должен да ја достави потребната документација за детето, според барањата во јавното соопштение, а во согласност со Законот за основно образование.
  • За запишаните ученици училиштето истакнува список на огласната табла на училиштето најдоцна до 15 јуни 2021 година.
  • Постапката на запишување ја спроведува Комисија за запишување ученици во прво одделение.
  • За да закажете ТЕРМИН за упис треба да пополните ПРИЈАВА.

    Потребни документи за упис

– Извод од матична книга на родените (фотокопија);


– Лична карта од родителот/старателот – на увид;


– Потврда  за примени задолжителни вакцини за детето издадена од надлежна  здравствена установа;


– Потврда за офтамолошки и  стоматолошки преглед, издадена од надлежна  здравствена установа

 

-Во прво одделение на основното училиште родителот, односно старателот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе напопни шест години

 

 – Детето може да се запише во прво одделение, доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето

Со почит,
Комисија за запишување на ученици во прво одделение