ООУ „БРАТСТВО“ — КАРПОШ
Скопје
Првата полна седмица на месец октомври е седмица посветена на децата од целиот свет. Тоа е недела која не обврзува да го свртиме целото свое внимание кон Нив, нашите најмали и мајмили –ДЕЦАТА.
Недела која почнува со најубавиот СВЕТСКИ ДЕН НА ДЕТЕТО
Децата се наше најголемо богатство, нашата гордост, нашата радост и нашата иднина. Сите деца имаат еднакви права. Во рамките на предвидените активности по повод Детската недела во нашето училиште се спроведоа низа активности под мотото:
„ДРУГАРСТВОТО Е ДЕЛ ОД ДЕТСКАТА СРЕЌА“
Преку пригодна манифестација ја одбележавме Детската недела и на овој начин првачињата ги воведуваме во образовниот процес.Учениците се запознаваа со значењето на Детската недела и Детската организација со правата и обврските на децата.