Во периодот од 07.04.2021 до 08.04.2021 година нашето училиште ,односно
наставниците кои предваат македонски јазик и странски јазици,имаа можност да
учествуваат на онлајн работилница за развој на писменоста и другите јазици преку
воннаставни активности.
Работилницата беше реализирана во рамките на проектот Еразмус+ ,,Унапредување на
писменоста и усвојување на странските јазици кај учениците од основното
образование,преку развивање на знаења,вештини ,ставови и вредности во рамки на
воннаставни активности,, ,кој го спроведуваат Доминиум културно јадро Скопје,Градска
Библиотека Риека од Хрватска и СОУЕЕ ,,Константин Кирил Филозоф,,Русе од
Р.Бугарија.
За време на дводневната онлај работилница беа спроведени бројни
активности,меѓусебна размена на искуства од веќе формираните читачки клубови од
градот Риека.На работилницата се поттикна формирањето на читачки клубови и од
нашето училиште со цел да се подобри писменоста и другите вештини кај учениците.
Во рамките на онлајн работилницата нашето училиште формира читачки клубови со
ученици од шесто до девето одделение и избор на лидери на читачките клубови ,со
договор за наредни активности за подобрување на писменоста и културата на читањето и
пишувањето,развивање на креативноста и интересот за изучување на различни јазици .
Од прекрасното искуство од спроведената работилница, нашите наставници поттикнаа
иницијатива за организирање заеднички средби со читачките клубови од градот Риека.,за
со цел за размена на искуства и знаења меѓу учениците и наставниците.